Продолжуваат преговорите за нова влада во Бугарија
Бугарските политички лидери влегуваат во нов обид да се договорат за соствот на идната владејачка коалиција и да го формираат новото мнозинство во бугарското собрание. Локалните медиуми објавуваат неофицијални инфорамции дека партијата на Борисов ги обновува преговорите се БСП и Има Таков народ. Според објавените информации, партиите си поставиле рок до петок до кога планираат интензивно да преговараат.
Информацијата дојде откако во неделата беше објавено дека ГЕРБ не успеа да постигне договор со Демократска Бугарија за кадровскиот состав на владата и премиерската позиција.
Во понеделникот претседателот на државата, Румен Радев рече дека ќе им даде уште малку време на преговарачките страни да се разберат пред да врачи мандат за состав на нова влада.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Анета Димоска, раководителка на итна медицинска помош
-
Засилени контроли на возачите во Охрид
-
Работниот ангажман ги менува навиките и животот на осудените лица во струмичкиот затвор
-
Нов марш на ангелите во Кочани
-
Голем пожар кај Желино
-
Голем пожар кај Желино
-
Четврт ден гори кај Василево
-
На инфективната Клиника дневно имаат по 20-тина лица со симптоми на труење со храна