-->
-->
Продолжуваат да растат пензиите во Словенија
-->
Поради новогодишните празници пензиите во Словенија ќе бидат испатени порано од вообичаено, но и ќе бидат повисоки за 1,5 отсто во споредба со минатиот месец. За ова зголемување од пензискиот фонд ќе бидат одвоени шест милиони евра, јави дописникот на МИА од Љубљана.
Со најновата корекција гарантираниот минимален износ на пензиите во Словенија сега изнесува 538 евра, што е за осум повеќе од досегашнит износ.
Најавите на властите во Љубљана се дека пензиите ќе растат и следната година. Според проекциите тие во февруари ќе пораснат за дополнителни 3,5 проценти. Статистичките податоци покажуваат дека во државата има 454.683 пензионери. Просечната бруто пензија во ноември изнесуваше 745 евра.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тошковски најавува кривична одговорност
-
Тема на денот со Билјана Ивановска, поранешна претседателка на ДКСК
-
РСБСП: На матурска без автомобил!
-
Шпанија и Португалија без струја
-
Палевски: Ако сум убил – ќе правев алиби
-
СДСМ со видео снимка обвинува дека Тошковски штити роднини на високи партиски функционери
-
Претседателката на ДКСК Димитровска веднаш да поднесе оставка
-
Филков чека одговор од СДСМ за реформските закони