Продолжува вакцинацијата на постарите жители на Македонски Брод
Во Здраствениот дом во Македонски Брод продолжува вакцинацијата на жителите постари од 73 години. Досега се вакцинирани 130 жители во општината.
-Во Македонски Брод имунизацијата тече без прекин, со исклучок на перодот од четири дена кога имавме прекин во апликацијата„ Мој термин“, што предизвика и застој во пријавувањето. Се вакцинираат лица постари од 73 години и досега се вакцинирани 130 граѓани со вакцината на „Астра Зенека“, изјави д-р Жарко Симески.
Тој истакна дека на залиха се уште 70 единици од оваа вакцина, кои се очекува да се потрошат следната седмица.
-Досега нее забележан ниту еден потежок случај на алергија по вакцинацијата, вели Симески и појасни дека покрај постарите жители во општината, деновиве заврши ревакцинацијата и на втората група вработени од Здравствениот дом и за вакцинација преостануваат уште вработените во администрацијата.
-Деновиве и втората група вработени од Здравствениот дом во Македонски Брод ја прими и втората вакцина на Спутник-В и досега во нашата установа се вакцинирани 42 лица и за вакцинација преостануваат уште 20 лица, кои во наредниот период ќе треба да се вакцинираат,и посочи дека се работи за лицата кои се вработени во администрацијата и во заедничките служби, рече тој.
Симески потсети дека од оваа општина има хоспитализирано двајца пациенти заболени од Ковид 19, по еден во Прилеп и Тетово.
Ново на Сител
-
Протестите со поддршка и од премиерот
-
Протест за смртта на Фросина и во Неготино
-
Тема на денот со Бојан Стојаноски, пратеник од ВМРО - ДПМНЕ
-
Нови несогласувања помеѓу лекари и директорката на клиниката за деца „Козле“
-
Протест за смртта на Фросина
-
Има ли одговорност кај обвинителството и судството?
-
Бојкот на маркетите поради високите цени
-
Македонија платила над 7 милијарди евра за увозна храна за 10 години, додека младите „бегаат“ од земјоделие