Продолжува судењето за „Титаник“
Во Основниот кривичен суд Скопје денеска треба да се одржи ново рочиште за случајот „Титаник“, кој се однесува на изборни нерегуларности.
Ова е прво рочиште по назначувањето на нов судија – поротник, откако Судскиот совет неодамна разреши двајца судии – поротници, кои беа дел од судечкиот совет на неколку предмети од поранешното СЈО, поради навршени 60 години возраст.
Случајот се наоѓа во фаза на доказна постапка и го води судијата Осман Шабани, додека обвинението го застапува обвинителката Лиле Стефанова.
Освен поранешниот премиер Никола Груевски кој е во бегство, во „Титаник“ обвинети се и Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска Бошковски, Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Леко Ристоски, Кирил Тодоровски, Катерина Веловска, Станко Коруновски, Коста Марковски, Драгче Драгчески, Марјан Накевски, Гоце Јаневски, Џезми Ахмет, Роберт Давитков, Далибор Алешковиќ и Ленка Рашајковска.
Тие се осомничени за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања.
Ново на Сител
-
Јанчев: За рано наутро обезбедени се авиони и хеликоптери за гаснење на пожарот на Серта
-
Заради технички проблеми „Ер тракторите“ не интервенираа во гасењето на пожарот на Огражден
-
Бебето пронајдено во Велес било дехидрирано, неухрането и со исушена кожа
-
Велешанец пронашол бебе на улица
-
Мемеди: Комисијата за случајот со тримесечното бебе ќе се состане в понеделник
-
СВР Скопје: Децата се повредиле додека кршеле инвентар во дневната соба
-
ЈО: Скопјанецот им дал на децата да пијат алкохол и лекови
-
Мицкоски на средба со дијаспората во Њујорк: Да се зајакне соработката во градење на иднината на Македонија