Продолжува судењето за „Меѓународен сојуз“
Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска треба да продолжи судењето за незаконското финансирање на невладината организација „Меѓународен сојуз”, каде заедно со основачот Бојан Јовановски, обвинети се уште четири лица.
Случајот се наоѓа во доказна постапка, а на минатото рочиште беа изведувани материјални докази предложени од обвинителството.
Првообвинетиот Бојан Јовановски, на почетокот на минатото рочиште, побара изземање на судијката Софче Гаврилова Ефремовска, поради како што рече, пристрасност, бидејќи била дел од судечкиот совет на случајот „Рекет“. Судијката, рече дека, барањето ќе биде проследено до претседателот на Судот.
За случајот со невладината организација Меѓународен сојуз, основана од Бојан Јовановски-Боки 13, преку која според обвинението биле измамени бизнисмени за наводни центри за возрасни лица, обвинети се и Фросина Ременски, Миле Јовановски, таткото на Боки 13 и Јасна Мандиќ. Јовановски е обвинет за измама и перење пари. Ременски, како потпретседателка на невладината организација е обвинета за помагање во делото измама, Мандиќ за помагање во измамата и перењето пари, Миле Јовановски се терети за помагање во перењето пари и за неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје. Како правно лице обвинета е и невладината организација.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Македонија домаќин на Самитот ЕУ-Западен Балкан, пораки за побрза интеграција на регионот
-
Се воведуваат нови ленти на граничниот премин Богородица за да се намалат летните гужви
-
Пресечен меѓународен канал за трговија во дрога во Струмица, запленети 100 килограми марихуана
-
Решен деценискиот проблем со водата за пиење во селото Сушица
-
Преглед на вестите од светот
-
Средба Мицкоски - Кос
-
Процентот на реализација на процентот на реформи ќе биде понизок, но европските средства не се загрозени