Продолжува соработка меѓу битолската и скопската зоолошка градина
Директорот на ЈОУ „Зоолошка Градина“-Битола, Ѓоко Дамевски денеска соопшти дека продолжува цврстата соработка со скопската зоолошка градина која се темели на размена на стручни знаења и размена и подароци на животинскиот фонд.
Најновиот подарок од „Зоолошка Градина“-Скопје се две валаби и два мајмуни кои викендов мотивираа повеќе од 500 посетители да ја посетат зоолошката градина во Битола.
- Во петокот од скопската зоолошка градина на подарок добивме две валаби и два мајмуни „патас“, а штом веста се расчу, бројот на посетители викендов забележително се зголеми и притоа регистриравме повеќе од 500 посетители, истакна Дамевски.
Соработката со зоолошката градина од Скопје, но и со други од регионот, најави тој, наскоро ќе резултира со дополнително зголемување на животинскиот фонд во зоолошката градина во Битола.
- Кога почнав да ја вршам функцијата директор на битолската зоолошка градина, просечниот број на посетители на годишно ниво беше околу 11.000, а со воведените новини минатата година тој број беше двојно зголемен, односно 21.000. Мислам дека во текот на оваа година битолската зоолошка градина ќе ја посетат околу 30.000 гости, а доколку успееме да достигнеме просек од 50.000 тогаш оваа установа ќе биде самоодржлива и многу поатрактивна, појасни Дамевски, по успешниот викенд на ЈОУ „Зоолошка Градина“-Битола и промоцијата на новите членови на богатото животинско семејство во таа градина.
Ново на Сител
-
Нуркањето привлечно за туристите
-
Екоактивисти во Струмица маршираа против загадувањето од депонијата Шапкар
-
Преглед на вестите од светот
-
Македонија не е мизерна и нема да пропадне ако не влезе во ЕУ, кажа хрватскиот претседател Милановиќ
-
Тема на денот со Татјана Стојаноска Иванова, професорка на Институтот за социологија
-
Милановиќ: Повеќе нема да жалам некого затоа што не може да влезе во ЕУ
-
Пет активни пожари во Македонија
-
Власта и опозицијата со меѓусебни обвинувања за пожарите