Продолжува собраниската расправа за разрешување на заменик-министрите
Собранието на Република Северна Македонија денеска треба да ја продолжи 104. седница со расправата за разрешувања на заменик-министрите за одбрана, за земјоделство, шумарство и водостопанство и за образование и наука, Башким Хасани, Абдулшуќур Абедини и Лулзим Алиу.
Расправата почна доцна синоќа со обраќање на премиерот Димитар Ковачевски, а за збор се пријавени 40 пратеници.
Ковачевски од Собранието побара конструктивна дискусија и повтори дека владината реконструкција не е партиски мотивирана, туку е за европска иднина на државата.
Претходно, во рамки на 104. седница беа избрани четирите нови министри во Владата - Кренар Лога за правда, Фатмир Меџити за здравство, Азир Алиу за информатичко општество и администрација, како и Каја Шукова за животна средина и просторно планирање.
Ново на Сител
-
Нормализиран сообраќајот на регионалниот пат Скопје - Тетово, ан ГП „Табановце“ се чека половина час
-
ДЗС: Активни четири пожари, под контрола три, 18 изгаснати
-
Трамп: Три нуклеарни локалитети во Иран се уништени, ќе уништиме и нови ако ги изградат
-
Министерот Алиу најави реформа на Мој Термин
-
Шест лица и едно дете пренесени на Клиниката за токсикологија по пожар во стан во Скопје
-
АНБ: Одземени огнено оружје и мобилни уреди при претреси на две локации во Скопје
-
Приведен 36-годишник од Дебар, упатувал закани со нож
-
Полициски службеник физички нападнат од едно лице на Средно Водно