Продолжува санирањето на последиците од невремето во Делчево
Во Делчево синоќа и утрово продолжи испумпувањето вода од подрумите на луѓето, како резултат на поплавите од невремето кое вчера попладне го зафати градот.
Доцна синоќа помош на луѓето им пружаа пожарникари од Кавадарци, Кочани, Берово и М.Каменица кои се одзваа на повикот на градоначалникот на Делчево и колегите од ТППЕ Делчево и помогнаа во санирање на последиците од невремето.
Во невремето поплавени беа голем број куќи во пониските делови од градот, а најзагрозени беа жителите од населбата Пролет чии куќи поради излевањето на река Габровчица пливаа под вода. Поплави беа регистрирани и на улицата Царевоселска, Булевар Македонија, во населбата Студена Чешма и други населби, кои за среќа поминаа без човечки жртви.
Во текот на ноќта освен пожарникарите на терен беа и вработени во комуналното претпријатие кои со механизација расчистуваа дел од наносите на патната мрежа.
Во своето вечерно обраќање градоначалникот на Делчево информираше дека ставени се во функција сите расположливи ресурси но за целосно справување со последиците ќе биде потребна и поголема поддршка.
Апелираше загрозените граѓани да ја пријавуваат состојбата на дежурниот телефонски број изразувајки надеж дека во текот на денешниот ден работите ќе бидат ставени под целосна контрола.
Ново на Сител
-
Љупчо Палевски Палчо екстрадиран од Турција и сместен директно во Истражниот затвор во Шуто Оризари
-
Тема на денот со Горан Илијевски - Партија на Македонците во Србија
-
Атентат врз словачкиот премиер
-
Флекс кредит и СОС Детско Село заедно за Денот на семејството
-
Предизборниот и постизборниот период продуцира економска криза, сметаат економистите
-
Со нож и се заканија на претседателката на Уставен Кацарска
-
Запален службениот автомобил на директорот на Идризово- оштетена и блиската зграда
-
Уставен го одби барањето на судиите да го врати коефициентот за повисоки плати