Loading Video...
Македонија
27. May 2020 - 19:37

Продолжува провокацијата од БАН за македонскиот јазик

„Има ли македонски јазик?”

„Постои писмено регионална норма на бугарскиот јазик во Република Северна Македонија, кој од 1944/45 година е плод на политички инжинеринг. Оттогаш наваму говориме за официјален јазик според Уставот на Република Северна Македонија”.

Нова рунда на провокации од бугарските лингвисти. Овојпат доаѓаат од Ана Кочева од Институтот за бугарски јазик при БАН, која тврди - македонскиот не е ништо друго, туку прекодифициран бугарски литературен јазик.

За домашните лингвисти ова е продолжение на антимакедонската кампања, а ова убедување на Кочева има сопствена позадина.

„Нејзиниот татко е исто така лингвист. Нејзината фамилија е по потекло од Струшко и тој беше еден од најголемите антимакедонисти во времето на комунизмот. Беше идеолог и пишуваше памфлети со ваква содржина..."

Забавно четиво. Вака Кочева ги доживува записниците од состаноците на Комисиите кои го стандардизирале македонскиот јазик во 1944 година. Според неа, нашиот јазик е кодифициран по налог на Белград, но и на Москва.

„Тие луѓе многу добро знаеле што да прават, но и што се бара од нив да направат. Еден од учесниците вели – сега ние треба да внимаваме да не направиме политичка грешка, јазична грешка може да направиме”.

„Стенограмите се објавени. Доследноста на нашата средина е што тие никогаш не биле цензурирани. Меѓутоа апсолутно не е точно дека имало интервенција од Белград или од Москва. Напротив, тогаш се донел заклучок дека ние Македонците треба сами да си создадеме азбуката и правописот”.

Спасов вели - позади тврдењата на Кочева дека македонскиот не можел да се содаде по природен пат, но и позади негирањата од дел од бугарската лингвистичка сцена стојат политички мотиви.

Потенцира дека тоа се антизападни елементи во бугарското општество кои сакаат наместо градење мостови на соработка, да го вратат времето наназад.