Loading Video...
Свет
22. April 2021 - 12:39

Продолжува дипломатската војна меѓу Чешка и Русија

Продолжува дипломатската војна меѓу Чешка и Русија, која почна на 17 април по објавата на властите во Прага дека има докази за основано сомнение дека двајца агенти на руската служба ГРУ, истите кои се сомничат за обид за труење на поранешниот руски агент Сергеј Скрипал, се вмешани во експлозии на складиште за муниција во јужна Бохемија во 2014 година.

Чешките власти денеска  најавија дека ќе протераат нови 60 членови на руската Амбасада во Прага доколку Русија до пладне не ја повлече одлуката за протерување на чешките 20те дипломати од Москва.

-Станува збор за околу 60 лица. Целта е овој број руски персонал да одговара на бројот на вработени што сега се наоѓаат во нашата амбасада во Москва, изјави шефот на чешката дипломатија, Јакуб Кулханек.

Истовремено, и НАТО денеска ќе расправа за аферата околу вмешаноста на Русија во експлозиите  во Чешка, кои се случи пред 7 години.