Бизнис
22. јуни 2020 - 16:35

Продолжува да паѓа просечната плата, во април помала за 600 денари

Просечната плата во земјава континуирано се намалува. Државната статистика покажува дека во април просечната нето плата изнесува 25.830 денари, што е за 600 денари помалку споредено со месец март. Од почетокот на годинава просечната плата е намалена за 1.710 денари.

ПРОСЕЧНА НЕТО ПЛАТА ПО МЕСЕЦИ ВО 2020 ГОДИНА

ЈАНУАРИ 27.540 денари

ФЕВРУАРИ 27.206 денари

МАРТ 26.422 денари

АПРИЛ 25.830 денари

Најголем пад на платите во последниот месец има кај дејностите што се најпогодени од кризата.

Кај тур-операторите и туристичките агенции просечната плата за еден месец е помала за речиси 20%. Вработените во сместувачките капацитети и објектите за подготовка и служење храна земале плата пониска за 9%. Позначајно паднале платите и во секторите транспорт и складирање, преработувачка индустрија, како и секторот информации и комуникации.

ПРОСЕЧНА НЕТО ПЛАТА ВО АПРИЛ, СПОРЕДЕНО СО МАРТ

Туристичките агенции -19,5%

Објекти за сместување и сервисни дејности со храна -9%

Транспорт и складирање -6,6%

Преработувачка индустрија -6,5%

Информации и комуникации -4,9%

Според Статистика, кризата не ги погоди платите на вработените во снабдување со електрична енергија и гас, здравствена и социјална заштита, како и во финансиски дејности и осигурување.

ПРОСЕЧНА НЕТО ПЛАТА ВО АПРИЛ, СПОРЕДЕНО СО МАРТ

Снабдување со електрична енергија и гас  +1,7%

Дејности на здравствена и социјална заштита  +1%

Финансиски дејности и дејности на осигурување  +0,8%