Македонија
26. September 2022 - 16:39

Продолжува блокадата на комисиските расправи

Тежок старт на работната недела во парламентот. Опозицијата со процедурални забелешки и паузи бараше да се тргне Законот за парнична постапка од Комсиијата за европски прашања. На моменти атмосферата стануваше и тензична.

Претходно од ВМРО-ДПМНЕ бараа и присуство на министерот Тупанчевски, но претседателот на комсијата Арбер Адеми возврати дека опозицијата бара изговори да ја блокира работата на Собранието.

Не тргна ни работата во Комсијата за одбрана каде се двете кризни состојби - онаа за справување со енергетската крза за електричната енергија, и за топлинската енергија во Скопје. Додека пратениците на опозицијата говореа долго, министерот Бектеши дофрлаше и зборуваше на телефон или пак, со своите сопартијци од ДУИ, а се пофали дека е расположен бидејќи му роденден.

Сепак, се очекува денеска на Комисија да помине кризната состојба за струјата, а онаа за парното во наредните неколку дена. Кризните состојби се врзани со рок и за да бидат продолжени за шест месеци ќе треба да го поминат собранискиот филтер до крајот на неделата, а собрнискиот спикер палнира тоа да биде направено до среда.