Продолжи собраниска расправа за буџетот за 2016
Собранието на Република Македонија денеска, трет ден во рамки на 73. седница расправата за Дополнетиот предлог на буџет за 2016 година на Република Македонија.
Во текот на дебатата пратениците од парламентарното мнозинство го бранеа ставот дека предлог буџетот е во склад со потребите на реалниот сектор и актуелната даночна политика. Според нив, граѓаните знат да ги препознаат добрите политики кои даваат резулати во изминатите девет години.
Опозицијата, пак, повтори дека буџетот е нереален и недомаќински поради што нема да го поддржат. Буџетот е проектиран со задолжувања и кредити.
Меѓусебни обвинувања се слушнаа и за политичката криза.
Благица Ласкова од ВМРО-ДПМНЕ рече дека од како се на власт опозицијата прави вештачка криза во Македонија.
- И сега ја направивте најголемата вештачка криза во РМ и тоа народот нема да ви го прости, рече Ласкова.
Според Хари Локвенец од СДСМ, пак, кризата е голема и тектонска.
- Пред година дена имавме одговор дека никогаш нема да има договор со опозицијата и дека нема да прифатите преговори, дека нема да има специјален обвинител ниту преодна Влада, а денес ја имаа таа Влада, рече Локвенец.
На барање на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ дадена е пауза од еден час. Седницата треба да продолжи во 13 часот.
Расправата за буџетот, согласно Собранискиот деловник трае пет дена.
Ново на Сител
-
ЕУ ги повика Индија и Пакистан да покажат воздржаност
-
Авионот на Вучиќ е приземјен во Баку, летот прогласен за небезбеден
-
Во сообраќајна несреќа со тешки телесни повреди се здобил малолетник
-
Мерц по средбата со Макрон: Сите членки на ЕУ мора да ги зголемат издвојувањата за одбраната
-
До крајов на неделава нестабилно време со повремен пороен дожд и грмежи
-
Потпишан договорот за изградба на гасниот интерконектор со Грција
-
Македонија не смее да биде жртва на изнудување на членство во ЕУ
-
Се скарале во сообраќај па извадил нож и го избодел, уапсен 61-годишен гостиварец