Македонија
18. March 2024 - 16:41

Продолжено пријавувањето на дијаспората до утре – Сајтот на ДИК не функционира

Регистрацијата на гласачи од дијаспората за престојните парламентарни избори заврши на 11 март 2020-та на полноќ – вакво известување добиле македонците од странство кои се обиделе да се пријават за гласање. На неколку часа до завршување на рокот за пријава, сајтот на ДИК не беше во функција.

Македонката Мирјана Наумовска која 10 години живее во Шведска вели дека многу од македонците таму реагирале дека не можат да влезат на сајтот, а иако постоела опција во апликацијата не можеле да изберат и  за кои избори се пријавуваат за гласање. Таму досега се поднесени се 62 пријави, од кои досега одобрени се само 43.

Глобалниот координатор на Ние сме Македонија, Ана Дукоска, ќе патува од САД до Македонија само да го оставри правото на глас бидејќи ниту се информирани од декапеата за изборниот процес , а не веруваат  ниту на институциите кои во апликацијата бараат и слика од документите кои ги поседуваат во странство.

Од ДИК пак тврдат дека технички бил проблемот кој настанал со веб страната и веќе е надминат. Затоа, пријавувањето на гласачите во дијаспората се продолжува за времето колку што траеше прекинот, односно до 19 март 2024 година, 9 часот.

Досега од дијаспората по електрoнски пат пристигнале 2258 пријави, од кои одобрени се 1590, а одбиени 190. Тоа е недоволно за да бидат организирани праламентарни избори во седмата изборна единица, бидејќи потребни се 5355 гласа за да биде избран пратеник, односно толку освоил пратеникот со најмал број гласови на последните избори.

Најголем интерес за гласање има во Германија, Словенија и САД, а со по една пријава има од Грција, Украина, Естонија, Катар, Црна Гора. Во Бугарија од пријавени 22-ца, одобрени за гласање се само 18 пријави.