Продолженија на четири седници на Собранието
Во Собранието на Република Северна Македонија денеска се закажани продолженија на 103-та, 111-та, 115-та и 117 - та седница.
Како што е објавено на веб страницата на законодавниот дом, во рамки на 103-та седница меѓу точките кои треба да се разгледаат се Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за стоковните резерви, Предлог на закон за данок на солидарност, како и Предлог на закон за изменување и дополнување на Кривичниот законик, сите по скратена постапка.
На дневниот ред се и Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за Народната банка на Република Северна Македонија во прво читање, како и измените на Законот за вработување на инвалидни лица и измените на Законот за доброволно капитално финансирано пензиско осигурување, двата по скратена постапка.
Во рамки на 111-та седница меѓу преостанатите точки за разгледување се и Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за интероперабилност во железничкиот систем, по скратена постапка, Предлог на закон за изменување на Законот за пријавување и евиденција на обврски, по скратена постапка, како и Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за безбедност на храната во прво читање. На оваа седница на дневен се ред и Годишниот извештај на Судскиот совет на Република Северна Македонија за 2022 година и Годишниот извештај на Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер за 2021 година.
Според дневниот ред, пак, на 115-та седница, поголем дел од точките треба да бидат реазгледани меѓу нив и годишните извештаи на повеќе институции како што Годишниот извештај за работата на ДКСК за 2022 година, Годишниот извештај за работата на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација за 2022 година, Годишен извештај на Народниот правобранител за степенот на обезбедувањето почитување, унапредување и заштита на човековите слободи и права 2022, Годишен извештај за работа на Јавното радиодифузно претпријатие Македонска радио-телевизија за 2022 година, Извештајот за работата на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за 2022 година и Годишен извештај за работата на Државната комисија за жалби по јавни набавки за 2022 година.
Предлог на закон за употреба на македонскиот јазик во прво читање, и на Предлог закон за дополнување на Законот за јавните патишта, Предлог на закон за изменување на Законот за здравственото осигурување и Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за виното, сите три по скратена постапка, се дел од дневниот ред на 117-та седница.
Ново на Сител
-
Најстудено на Попова Шапка, најмногу снег во Маврови Анови
-
Скијачки центар Михајлово се отвора вo среда, најавен и превоз од Кавадарци
-
ОН одобри нова мировна мисија во Сомалија
-
Јамал: Ќе се вратам уште посилен по повредата
-
Русија соопшти дека ноќеска уништила десетици беспилотни летала кои Украина ги користела за напад на нејзина територија
-
Сиљановска-Давкова, Мисајловски и Лафчиски на видео-конференциска врска со македонските мировници
-
Мексико: Се судрија автобус и камион, осум загинати, 27 повредени
-
Ново обвинение за струшкиот градоначалник, одземен му е пасошот и друга исправа за преминување граница