Продолжен рокот за субвенции во земјоделството до 30 јуни
Рокот за поднесување барања за субвенции се продолжува за еден месец односно наместо до 31 мај, апликациите ќе може да се поднесуваат до 30 јуни.
Од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денеска соопштија дека продолжувањето на рокот е по барање на земјоделците со цел да им се овозможи да го искористат правото за поднесување на барања за финансиска поддршка за мерките од годинашната Програма за директни плаќања.
Земјоделците ќе можат да ги поднесуваат барањата по Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2019 година, односно за директни плаќања за растително производство и тоа за површини со поледелски и градинарски култури, лозови и овошни насади, како и за сточарско производство поточно за одгледување говеда, овци, кози, пчели, свињи и за заклани животни во кланица.
Барањата се поднесуваат по електронски пат, а оние баратели кои имаат потреба од помош при пополнување на електронското барање, ќе може да се обратат до подрачните единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
– Барањата за мерките од растителното производство се поднесуваат врз основа на евидентирани податоци за парцели во Единствениот регистар на земјоделски стопанства и Системот за идентификација на земјишни парцели со состојба на 15- ти март 2019 година. Барањата за мерките од сточарското производство за говеда, овци, кози и пчели се поднесуваат врз основа на евидентирани податоци за животни во Регистарот за идентификација и регистрација на домашни животни со состојба на денот на поднесување на барањето, појаснуваат од АФПЗРР.
Ново на Сител
-
Љупчо Палевски Палчо екстрадиран од Турција и сместен директно во Истражниот затвор во Шуто Оризари
-
Тема на денот со Горан Илијевски - Партија на Македонците во Србија
-
Атентат врз словачкиот премиер
-
Флекс кредит и СОС Детско Село заедно за Денот на семејството
-
Предизборниот и постизборниот период продуцира економска криза, сметаат економистите
-
Со нож и се заканија на претседателката на Уставен Кацарска
-
Запален службениот автомобил на директорот на Идризово- оштетена и блиската зграда
-
Уставен го одби барањето на судиите да го врати коефициентот за повисоки плати