Бизнис
28. July 2022 - 12:36

Продлабочен проблемот со дефицитот на кадар во хотелско-угостителскиот сектор во Охрид

Ова лето продлабочен проблемот со дефицитот на кадар во Хотелско-угостителскиот сектор .Угостителите велат дека тешко наоѓаат работници особено во лето кога има зголемен обем на работа. Оваа појава зема нагорна линија бидејќи младите среќата се почесто ја бараат во земјите надвор од државата и сезонски за повисоки плати работат во соседните туристички места.

И од Агенцијата за вработување посочуваат дека се поголема е потребата а помал изборот на кадар за работа. Стручен кадар недостасува во скоро сите области, а не само во угостителскиот сектор.

Голем број работници од охридско - струшкиот регион оваа сезона печалат на Јадран .Пресудно за масовното иселување на стручниот кадар од угостителскиот сектор изминативе две години е повисоката плата.