Бизнис
15. April 2016 - 14:04

Продажните цени на производителите на индустриски производи пониски во февруари

Продажните цени на производителите на индустриски производи во февруари се пониски за 0,5 проценти на месечно ниво и за 4,4, проценти на годишно ниво, објави денеска Државниот завод за статистика.

Во споредба со јануари продажните цени на производителите на индустриски производи се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 5,8 проценти и во секторот Преработувачка индустрија за 0,2 проценти. Повисоки се цените за 0,8 проценти во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација. 

Во однос на февруари минатата година, продажните цени на производителите на индустриски производи се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 7,6 отсто и во секторот Преработувачка индустрија за 4,6 отсто, додека во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација се на исто ниво.

Продажните цени на производителите на индустриски производи на странски пазари се пониски за 0,9 проценти на месечно ниво, а за 8,7 проценти на годишно ниво.