Продажбата на автомобили ќе падне, прогнозира опсерваторијата Цетелем
– Продажбата на автомобили ќе падне за 17 отсто ширум светот во 2020 година и за 28 отсто во Европа, покажуваат податоците на опсерваторијата Цетелем 2021, претставена од Франс Инфо. Покрај тоа, само 27 отсто од Европејците, наспроти 34 отсто во 2019 година, планираат да купат возило во следните 12 месеци. Тие се 26 отсто во Франција наспроти 36 отсто во 2019 година, јави дописникот на МИА.
Ова според анализата на Цетелем претставува историски чекор наназад.
-Луѓето имаат тенденција да ги чуваат своите автомобили се подолго и подолго, исто така тоа е прашање на перцепција бидејќи сликата се влошува. Навистина, повеќе од половината граѓани велат дека автомобилот зазема премногу важно место, посочи утрово Флавиен Нојви, директор на Опсерваторијата Цетелем за автомобили, за Франс Инфо.
Авто-индустријата тежи многу во економијата, и таа е силно погодена. Кина и Турција се подобро пласирани. Спротивно на тоа, во Европа, Шпанија и Велика Британија се очекува пад од-36 отсто и-30 отсто во продажбата на автомобили. Додека во Франција, само 26 отсто од Французите, наспроти 36 отсто во 2019 година, планираат да купат возило во следните 12 месеци.
Здравствената криза го забрза поместувањето кон продажба на електрични и хибридни возила. Автомобилската индустрија се соочува со двоен предизвик: и општествен и еколошки. Секторот постојано бара иновации за да се адаптира на пазарот и побарувачката на „чисти автомобили“.
Ново на Сител
-
Во 2024 година најмногу пријави до АХВ за труење со храна и за производи со поминат рок
-
Скопје и денеска најзагаден град во Европа
-
Зеленски: Прво договор со Трамп, потоа преговори со Путин
-
Почнува судењето против Саркози поради незаконско финансирање на изборна кампања
-
ДУИ со честитка за Божиќ, но и загриженост од недостигот на волја за соживот
-
Приведено лице од тетовско за издржување затворска казна
-
Илјадници без струја и вода во Ирска поради екстремни временски услови
-
Пронајдени мигранти, приведени двајца криумчари