Живот
3. August 2017 - 11:45

Продава куќа на Дунав за 1 евро, но има еден детаљ на кој треба да се внимава!

Најдобра понудана познатиот сајт за продавање е секако куќата за неверојатно едно евро!

Австриецот Харалд Радиш, на сајтот willhaben.at на почетокот ја огласил на 50 евра, но цената набрзо паднала на само 1 евро. Куќата која е на продавање се наоѓа во местото Урфар, недалеку до Дунав.

како што пишуваат локалните медиуми неговиот телефон не престанува да звони, но сепак постои и причина поради која цената на куќата е толку ниска. Имено, подрачјето каде наоѓа таа е загрозено од повремени поплави. Кога Дунав се излил 2013 година и куќата на Радиш се поплавила.

- Доста ни е честиот страв од високиот водостој, сакаме да се преселиме на некое другоместо, вели Радиш. Кужата е предвидена за рушење, а рдиш напоменува дека купците можат само да ги земат сите употребливи делови.

Купците ги чекаат нови прозори, особено во кровниот дел, кој е изграден 2009 година, пишува во огласот. Радиш притоа напоменува дека се што купецот мисли дека е вредно во куќата и сака да изнесе пред рушењето, мора се извади и рзгради на свој трошок.