Продадени 13 градежни парцели во Нов Дојран, со електронско наддавање
Општина Дојран по пат на електронско јавно наддавање денеска продаде 13 од огласените 16 градежни парцели предвидени за изградба на викенд куќи во населбата Калдрма во Нов Дојран.
Во овој туристички локалитет моментно постои голем интерес за купување градежни парцели што може да се види и од висината на постигнатите цени на лицитацијата кои се движеа од 470 до 1.320 денaри за метар квадратен и покрај тоа што почетната цена изнесуваше само 61 денар за метар квадратен.
Продадените парцели се со површина од 500 до 1.118 метри квадратни, а купувачите имаат рок од девет месеци за да обезбедат одобрение за градење и период од две години за да ги изградат објектите откако ќе обезбедат градежна дозвола.
Во наредниот период, како што информираа од општината, ќе се организира повторно електронско јавно наддавање за непродадените три парцели за кои ќе се бараат нови инвеститори.
Ново на Сител
-
Грчки медиуми: Голема победа на опозициската ВМРО-ДПМНЕ
-
Во Тетово прегазен малолетен пешак
-
Утре и во сабота дожд, потоа стабилизирање на времето
-
СЗО за консумирање алкохол и електронски цигари кај адолесцентите: Состојбата е алармантна
-
Белгиски медиуми: Македонија оди во втор круг гласање од кој и зависи европската иднина
-
Ангелов: Граѓаните ја отпишаа СДСМ, сите заедно да ги отпишеме и ДУИ
-
Тројца уапсени во врска со истрагата за поткуп против рускиот заменик министер за одбрана
-
Грчката фрегата соборила беспилотно летало во Црвеното море во рамките на операцијата „Аспидес“