Продаден имотот на рудниците „Злетово“ и „Тораница“
Собранието на доверители на рудниците „Злетово“ и „Тораница“, кои се во стечај, денеска во штипскиот Основен суд одлучи да ја прифати понудата на бугарската компанија „Минстрој“ за купување движен и недвижен имот неопходен за производството на олово-цинковата руда.
Новиот концесионер на двата рудника „Минстрој“ на електронската продажба понуди да го купи понудениот имот за три и пол милиони евра, а проценетата вредност изнесуваше околу седум милиони евра.
Претставникот на Синдикатот за индустрија, енергетика и рударство при Сојузот на синдикатите на Македонија, Драги Јовановски изјави со денешната одлука очекуваат околу 1.000 рудари да се вратат на своите работни места.
- Собранието на доверители одлучи онаа економска понуда која што е за рудниците да ја прифати, односно на гласањето беа 63 проценти од доверителите и по извршеното гласање 50 проценти гласаа за продажба, односно за прифаќање на понудената цена. Тоа за нас како синдикат значи дека брзо ќе се рестартираат рудниците, дека рударите веднаш ќе почнат со работа и оти најверојатно во најкраток можен рок тие ќе си земаат плата, рече Јовановски.
Рударите од Пробиштип и Крива Паланка очекуваат и од стечајната маса да им бидат исплатени и трите заостанати плати и бенефицираниот стаж.
Ново на Сител
-
Упорноста ни донесе милионски прегледи | Браќа Арџиќ | ПРОфесија | Sitel Podcast 067
-
Мицкоски очекува утре институциите да објават податоци кои се потврда на политиките на краток рок
-
Американски медиуми: Демократиоте во шок по поразот на Харис од Трамп
-
Четворица мигранти загинаа во близина на грчкиот остров Родос
-
Новиот лидер на Хезболах, Касем: Не е можно Израел да победи во војната
-
Републиканците го зголемија своето ново стекнато мнозинство во Сенатот на 52 места
-
Барањето на приватните превозници причина за ново препукување меѓу Град Скопје и претседателот на Советот
-
Зеленски потпиша закони за продолжување на вонредната состојба и мобилизација во Украина