Македонија
12. October 2018 - 13:45

Прочитани 156 СМС пораки за „Траекторија“, следното рочиште на 26 октомври

 По паузата попладнево во Кривичниот суд продолжи рочиштето за „Траекторија“ со читање на  156 СМС пораките меѓу Миле Јанакиески и тогашниот државен секретар во Министерство за транспорт и врски  Елена Кузмановска.

Пораките почнуваат од 25 април 2012 година кога Кузмановска го информира Јанакиески дека кинезите нудат бесплатен престој и пат во Кина за двајца.

Во една од пораките меѓу Јанакиески и Кузмановска се прецизира дека договорената цена на делницата Миладиновци - Штип е 255 милиони американски долари, а потоа се прецизира дека ќе се исплатат 170 милиони евра со предвиден профит за изведувачот.

По читањето на пораките меѓу Јанакиески и Кузмановска, во Судот беа пуштени и 29 СМС пораки меѓу Јанакиески и Кирил Божиновски. Тие се допишувале во периодот од 5 февруари до 20 март 2013 година. 

Во пораките до Божиновски е наведено дека заменик директор на кинеската компанија „Синохидро“ ќе доаѓа во Скопје и се бара од министерот да даде согланост за состанок.

Овде рочиштето за „Траекторија“ беше прекинато, а ново е закажано за 26 октомври.

Претпладнето во Судот беа прочитани вкупно 103 пораки што биле разменети меѓу Јанакиески и Ставрески во периодот од 16 мај 2012 до 3 април 2013 година.

Во „Траекторија“ обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот вицепремиер Владимир Пешевски, ексминистерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и поранешниот директор на ЈП Државни патишта Љупчо Георгиевски. Според обвинението на СЈО тие ги пречекориле овластувањата при изборот на компанија за изградбата на автопатските делници до Штип и Охрид