Процесот на гасификација според предвидената динамика
Процесот на гасификација тече со одлична динамика, онака како што предвидовме. Откако се заврши една гасоводна линија меѓу Кумановско и Штип, сега, во моментов, се градат три гасоводи во Македонија: меѓу Штип и Неготино, Неготино, Кавадарци и Прилеп, како и меѓу Битола, Скопје, Тетово и Гостивар, сите во вредност од над 80 милиони евра, а во должина од околу 200 километри. Тоа е огромна инвестиција која ќе биде од голема полза за граѓаните и компаниите.
Ова го истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски по вечерашната промоција на 14 нови врвни дела од проектот „Превод на стручни и научни книги и учебници од кои се учи на врвните, најдобрите и најреномираните универзитети во САД и Ангалија, а од областа на правото во Франција и Германија“.
Работите, нагласи Груевски, се одвиват во полн ек, напредокот е сериозен, во зрела, длабока фаза на градба, на инсталирање на гасоводите.
На среднорочен план, како што најави, е предвидено продолжување на овие краци.
Објавен е и тендерот за секундарна гасификација, односно за барање концесионер кој ќе ја направи секундарната гасификација. Има интерес од повеќе фирми и се очекува концесионерот да биде избран годинава.
- Има интерес од повеќе фирми и очекувам годинава да биде избран еден концесионер кој во наредните две години ќе ја изгради секундарната гасоводна мрежа, напомена Груевски.
Ново на Сител
-
Киев: Соборени 40 од 60 дронови со кои Русија ја нападна Украина
-
Пријавен случај на подметнување пожар во Делчево
-
Активни два пожари на отворен простор, четири ставени под контрола, 22 целосно изгаснати
-
Иранскиот претседател бил повреден за време на војната со Израел
-
27 лица загинаа во израелски напади во Газа
-
Црна Гора го одбележува Денот на државноста
-
Повредени 12 лица во Атина откако паркиран џип почнал да се движи и удрил во ресторан
-
Уапсен крадец во Велес, извршил повеќе кражби во еден ден