Проблеми во францускиот тим - Вироза ги погоди играчите на Дешан
Франција ќе го отвори Европското првенство во Германија со натпреварот против Австрија во понеделник. По средбата во Дизелдорф, Французите ќе играат против Холандија во Лајпциг и Полска во Дортмунд. На само неколку дена пред првиот натпревар Французите се соочуваат со големи проблеми.
Голем број на репрезентативци на Франција се болни, објавија француските медиуми. Селекторот Дидие Дешамп е меѓу болните, а во најлоша состојба е напаѓачот на Баерн, Кингсли Коман.
Повеќето имаат проблеми со инфекција на горните дишни патишта, а неколкумина се бореле со грчеви и главоболки.
Коман го пропушти заедничкиот тренинг во четвртокот. На почетокот на тренингот го немаше ниту капитенот Килијан Мбапе, но новиот играч на Реал Мадрид подоцна се појави на теренот, но не тренираше.
Ново на Сител
-
За прв пат од 2014 година во Ла Лига, Барселона не упати удар кон противничкиот гол
-
Синер го победи Де Минаур на завршниот АТП турнир
-
Џејмс е најстариот играч во НБА кој забележал трипл-дабл во два последователни натпревара
-
Јокиќ со четврти последователен трипл-дабл
-
Иран: Трамп да го запре континуираниот геноцид во Појасот Газа
-
Викендов во Скопје подигнати 70 кубни метри непрописно одложен отпад
-
Украина прогласи висок степен на тревога
-
Локализиран е пожарот на планината Беласица