-->
-->
Проблеми со водоснабувањето во Куманово
-->
Покрај жителите од високите зони на Куманово кои деновиве се соочуваат со недостиг на вода, невообичано намален дотур на вода од попладневните часови има и во централното градско подрачјe од каде домаќинствата се жалат дека не се во можност да одржуваат хигиена.
Од ЈП „Водовод“ изјавија дека до корисниците пристигнуваат само 240 литри вода во секунда, што е недоволно за нормално водоснабдување на градот во летните месеци и оти целосно е прекинат дотурот на вода преку цевководот „бај пас“.
- Од водостопанство „Кумановско-липковско поле“ од денеска не испорачуваат вода преку овој цевковод, така што градот се снабдува со вода само од главниот вод и од алтернативните извори во Проевце и Бедиње, изјави денеска директорот на ЈП „Водовод“ Горан Стојковски.
Претходно, објасни Стојковски, на 30 јули добиле информација од водостопанство „Кумановско-липковско поле„ дека поради дефект на „бај пасот„ намалени биле количините на испорачаната вода. Не успеале, како што рече, да воспостават контакт со надлежните од водостопанство и покрај напорите да добијат информација за сегашната состојба.
Раководителот на секторот за експлоатација и оддржување од водостопанство „Кумановско-липковско поле“ Емрла Укшини изјави дека водоснабдувањето на градот е исклучива надлежност на „Водовод“. Укшини изјави дека дотурот на вода од нивна страна целосно е обезбеден и го обвини Стојковски за лошо менаџирање со „Водовод“. Потсети дека „Водовод“ му должи средства на водостопанство.
За неполн месец кумановци во два наврати се соочуваат со недостиг на вода.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Сиљановска Давкова нема да предложи нов член на Судскиот совет, ќе го почека носењето на новиот закон
-
Два полициски хеликоптери го гасат пожарот кај Чучер-Сандево, досега исфрлени преку 70 тони вода
-
Фрлени палети намачкани со бензин, некој сакал да го реактивира пожарот кај Чучер-Сандево | ВИДЕО
-
Малолетничка уценувана од нејзиното поранешно момче, му дала 800 евра за да не објави експлицитни фотографии од неа
-
Мицкоски: Државата не се гради од центарот кон периферијата, туку од темелите нагоре
-
Трамп најави укинување на санкциите кон Иран „во соодветен момент“ и нова воена помош за Украина
-
Опожарени 130 хектари сува трева и ниска вегетација во Руѓинце
-
Базените на Црвениот крст ставени на располагање за хеликоптерска интервенција