Џет-Сет
31. March 2016 - 16:05

Проблеми на Леонардо Ди Каприо со еден слон

Славниот Оскаровец, Леонардо Ди Каприо пристигна во Индонезија во мисија за подигнување на свеста за критично загрозените видови.

Актерот при тоа го посети резерватот „Лејзер Екосистем“, каде се „дружеше“ со величенствените суматрански слонови, на кои им се заканува исчезнување во следните 30 години, доколку нешто итно не биде преземено.

Но, според фотографија која го обиколи светот, на еден од словновите очигледно многу му се допадна славниот Леонардно.

На фотографијата се гледа како слонот со сурлата го влече Лео на панталоните на многу непријатно место, но тоа не го збуни актерот, кој како вистински професиналец фотографирањето го одобри до крај.