Пробиштип ќе го осветли влезот и излезот на градот
Општина Пробиштип го раелизираше тендерот за уличното осветлување во должина од 1.300 метри колку што е долга новата велосипедска и пешачка патеката. Деновиве ќе се склучи договор со фирмата која ја дала најповолната понуда. Според проектот на патеката ќе се постават 28 канделабрии, кои ќе имаат по две светилки, свртени кон регионалниот пат Пробиштип-Штип и кон патеката. Вкупната вредност на проектот за поставување на уличното осветлување е околу два милиони денари.
Градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски вели дека заедно со Агенцијата за државни патишта го реализираат проектот за проширување на влезот и на излезот на градот. Агенцијата си ја заврши својата обврска односно го прошири регионалниот пат Пробиштип-Штип во должина од 1.300 метри од шест на седум метри.
- Ние како општина презедовме обврска да поставиме ивичњаци по целата должина од 1.300 метри и паралелно со ивичњаците да направиме една пешачка и велосипедска патека во должина исто така од 1.300 метри, со ширина од два метри, вели Тоневски.
Тој додава дека асфалтирањето на патеката е во завршна фаза, а вкупната инвестиција за овој дел од проектот е пет милиони денари.
Ново на Сител
-
Министерот Муцунски во работна посета на Брисел
-
„Еми“ награди: „Мечката“ со најмногу награди за хумористична серија
-
ЛШ: Реал со победа ја почна одбраната на титулата, Баерн го декласираше Динамо
-
Одобрен заем од 500 милиони евра од Унгарската експорт - импорт банка, следува потпишување договор
-
Уставниот суд на денешната седница ќе расправа за „балансерот“
-
Украинската противвоздушна одбрана одби напад врз Киев, руски гувернери известуваат за напади на украински дронови
-
Во Охрид состанок на Постојаната експертска група за болеста африканска чума кај свињите
-
Камала Харис повика на крај на војната во Газа без израелска окупација