Пробиштип гради плоштад со средства од ЕУ-фондовите
Во непосредба близина на средното општинско училиште „Наум Наумовски-Борче“ во Пробиштип почна да се гради помошен плоштад, за кој средствата во износ од 260.000 евра се обезбедени од фондовите на Европската унија.
- Од овие 260.000 евра, за уредување на просторот на секундарниот плоштад ќе бидат искористени околу 200.000 евра. Овој простор опфаќа околу 2.300 квадратни метри површина, во која еден дел ќе биде искористена за за околу 25 паркинг места. Останатиот дел од околу 1.400 метри квадратни ќе биде искористен за помошен плоштад, односно ќе има еден миниамфитеатар, рече градоначалникот на Пробиштип Тони Тоневски денеска на прес-конференција.
Во рамките на проектот, рече Тоневски, предвидено е да се изградат пешачки патеки, фонтана, ќе се постави урбана опрема и ќе биде холтикултурно уреден. Ќе биде поставено и ново улично осветлување, а просторот кој со години беше неуреден ќе добие уреден и современ лик.
Ново на Сител
-
Линеарно зголемување на пензиите – 250 евра за студентите
-
Мицкоски: СДСМ е изведувач на ДУИ
-
Сиљановска: Независните се дискриминирани
-
Меџити: Ќе имаме свој кандидат за Скопје
-
Локализиран пожарот во Преспа
-
Тема на денот со Миле Лефков, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ
-
Македонија ги живее најтоплите денови: Пикот на топлотниот бран утре и задутре
-
Покачувањето на пензиите и ваучерите за студенти минуваат низ собранискиот филтер