Признание „Уметник на неделата“ за Татјана Манева
Уметницата Татјана Манева доби признание „Уметник на неделата“ од Ликовниот симпозиум за сликарство во Хунан во НР Кина кој ја организира нејзината изложба во галеријата Ка Кее во Хонг Конг.
Поради голема посетеност на отворањето на изложбата, организаторите ја продолжиле соработката со авторката и нејзината изложба ќе биде поставена до утре, 11 март.
Слики од Манева се изложени во галеријата заедно со дела на уметници од Европа, Австралија и Азија. На изложбата, која беше отворена на 5 февруари, Манева учествува со дела од нејзиниот последен циклус „Остров“.
Станува збор за 12 пејзажи и актови изработени во комбинирана техника, во кои таа ја истражува мистеријата на духовното и материјалното и релацијата помеѓу човекот и природата.
Македонската публика имаше можност да ги види сликите од овој циклус минатата година во Младинскиот културен центар во Скопје.
Инаку, ова е нејзина 27-ма самостојна изложба. Досега таа има изложувано во Париз, Берлин, Амстердам, Њујорк и во земјите од соседството.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Не го знам името на новиот гувернер, ќе имам средба со претседателката
-
Каја Калас во петок во Скопје на средба со премиерот Мицкоски
-
Мора да наоѓаме решенија за развој - Сиљановска Давкова за договорот за стратегиско партнерство со Обединетото Кралство
-
Таравари се сретна со Рама, тема на средбата прашања од значење за Албанците во регионот
-
Бобан Илиовски во одбрана на титулата светски првак во WАКО про
-
Акциска контрола во Тетово, пронајдени 453 штеки цигари и 199 килограми тутун без документација | ФОТО
-
Армискиот полигон Криволак од 26 мај до 9 јуни домаќин на војските на седум НАТО држави и две партнерски
-
Ким Џонг-ун набрзо ќе допатува во официјална посета на Москва