Привршуваат градежните активности во Културно социјалниот простор „Јадро“
Урбаната заедница на Општина Центар „Дане Крапчев“, од наскоро ќе почне да функционира и како Културно социјален простор, откако со претходна одлука на Советот, општината им го отстапи на користење на Асоцијацијата на независната културна сцена – „Јадро“. Со монтирањето на климатизерите и целосната реконструкцијата на тоалетот, ќе завршат и последните градежни активности во КСП „Јадро“.
Како што соопшти Општина Центар, градоначалникот Саша Богдановиќ, во својот кабинет остварил средба со директорката на Културно социјалниот простор „Јадро“, Јасмина Билаловиќ и Јане Чаловски, претседател на Асоцијацијата на независната културна сцена – „Јадро“.
– Една од главните функции на КСП „Јадро“ е да го нуди својот простор бесплатно за програмите на независната културна сцена, но и на поширокиот граѓански сектор. Просторот и установата ќе функционираат како отворена платформа за уметнички организации, асоцијации, неформални групи и поединци кои ќе можат да ги користат ресурсите на овој центар, пред се за да ги развиваат своите идеи од областа на културата, се наведува во соопштението од Општината.
Главниот мултимедијален простор во КСП има употреблива површина од 80 метри квадратни, магацински простор, влезен хол и тоалет.
Со ова, се додава во соопштението, Општина Центар и градоначалникот Саша Богдановиќ ја продолжуваат соработката со независната културна сцена во Скопје.
Покрај општината, како донатори и поддржувачи во Културно социјалниот простор „Јадро“ се јавуваат и компаниите Кнауф, Адинг, Компанија Велковски, Акустик-дизајн и Еуролинк осигурување.
Во просториите на Урбаната заедница „Дане Крапчев“ ќе продолжи со функционирање и локалниот пензиониерски клуб.
Ново на Сител
-
ДУИ: Зошто владата ја крие вистината за врските на агенцијата „Рубикон“?
-
Момчето херој Јован Костадинов во посета на Бигорски манастир
-
Казнет уште еден нелегален продавач на храна со поминат рок
-
Поради трагедијата во Кочани нема да се одржи Маршот на видливост
-
Русија и САД почнаа заеднички проекти за руските ретки минерали
-
Хуманитарен меѓународен натпревар во духот на солидарноста и љубовта за настраданите во Кочани
-
Српски студенти во блокада в среда тргнуваат со велосипеди до Стразбур да се обратат во европски институции
-
Додека Украина го разгледува нацрт-договорот за ретки минерали, Москва преговара со Вашингтон за руските рудните ресурси