Привршува изградбата на пат во Еребичарци во општина Старо Нагоричане
Привршува изградбата на патот во местото Еребичарци во Младо Нагоричане, во општина Старо Нагоричане, информираше градоначалничката на општината, Жаклина Јовановска. Асфалтирањето на овој пат во должина од 1,2 километри се спроведува во рамки на проектот на Министерство за финансии МСИП – „Подобрување на општински услуги“.
– Патот е во фаза на тампонирање по што ќе следува фаза на асфалтирање во должина од 1.200 метри. Асфалтирањето на овој пат е од исклучително значење за жителите од Младо Нагоричане поточно маалото Еребичарци што поврзува голем дел од жителите, изјави Јовановска.
Патот е во близина на основното училиште „Христијан Карпош“ во село Младо Нагоричане и е во непосредна близина на регионалниот пат Куманово – Крива Паланка. Во близина на патот се наоѓаат и културно-историските и верски објекти што често ги посетуваат странските и домашните туристи, меѓу нив, црквите Света Петка и Ѓорѓи Победоносец, природната реткост, Костоперска Карпа, така што со асфалтирањето се очекува подобра пристапност до локалитетите.
Асфалтирањето се очекува да заврши до почетокот на следниот месец.
Во наредниот период се очекува и асфалтирање на неколку локални патни правци во селата Старо Нагоричане, Драгоманце и Цвиланце. Асфалтирањето на патот до Цвиланце во должина од 1,7 километри се очекува да почне од март, годинава, а ќе заврши до средината на летото. Општина Старо Нагоричане аплицирала преку Агенцијата за финансиска поддршка за асфалтирање на пат во маалото Бели Грамаде, во село Старо Нагоричане. За патот кон село Општината веќе добила средства за изработка на техничка документација од Бирото за рамномерен регионален развој.
Ново на Сител
-
Благодарност од претседателката Сиљановска-Давкова до државите кои помогнаа по трагедијата во Кочани
-
Мостот на Вардар кај Башино Село повторно пуштен за сообраќај
-
Мицкоски и Филипче утре на средба во Владата
-
Пронајдена дрога на работното место кај полицаец од Охрид
-
Сиљановска-Давкова: Секое дете може да дојде до израз ако му се даде шанса
-
Почна нов циклус на обуки на АХВ за едукација на потрошувачите
-
Одбележан Денот на Првата пешадиска бригада
-
СДСМ: Mицкоски да не се кити со туѓи перја