Привршува гласањето на 318 изнемоштени и болни лица во Кочани и соседните општини
Без поголеми проблеми се одвива гласањето на 318 изнемоштени и болни лица во општините Кочани, Виница, Зрновци и Чешиново-Облешево, кои своето избирачко право го остваруваат во сопствените домови.
Најголем број од пријавените, вкупно 161, се во Кочани и во дел од населените места во општината, а иако овој број е двојно поголем во однос на минатогодишните претседателски избори, сепак гласањето се одвива со нормална динамика.
-Освен некои ситни технички прашања што ги решаваме на место, нема поголеми проблеми во денешниот изборен процес. Болните и изнемоштени граѓани гласаат во своите домови при што се применуваат сите здравствени протоколи што ги пропишува Министерството за здравство. Истовремено, ја завршивме и дезинфекцијата на сите гласачки места каде во текот на утрешниот ден ќе гласаат останатите граѓани, истакна Марија Гоцева, претседателка на Општинската изборна комисија во Кочани.
Претседателот на Општинската изборна комисија во Виница, Ацо Ѓоргиев, информира дека до 13 часот целосно е завршено гласањето на евидентираните 96 болни и изнемоштени.
Слична е состојбата и во руралната општина Зрновци каде се евидентирани 18 лица кои гласаат денеска, а пред истекот на законскиот рок во 19 часот ќе заврши и гласањето во Чешиново-Облешево, каде правото да гласаат во домашни услови го користат 43 избирачи.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Македонија одбележува 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Димитар Апасиев за изборната програма и ветувањата на Левица
-
Велигденската трпеза годинава поскапа од лани
-
Охрид полн со гости
-
Мицкоски и Меџити го обвинуваат ДУИ за притисоци кон гласачи, Џафери на партиски настан во владиниот мерцедес