Привремениот лидер на Беса, Неџбедин Каремани, добивал закани по живот
Пратеникот и привремен претседател на движењето Беса, Неџбедин Каремани, денеска информираше дека има сериозни закани по неговиот живот и безбедноста на неговото семејство.
- Со овој случај е запознаен и министерот Оливер Спасовски, а од сега ќе бидат запознаени и сите дипломатски претставништва во земјата, Амбасадата на САД, Мисијата на ЕУ, ОБСЕ и другите амбасади, рече Каремани.
Прашан кој точно му се заканува, Каремани рече дека за тие лица ја информирал полицијата, како и дека бараат од него да се повлече од функцијата пратеник.
- Мојата должност на пратеник ја прифатив и веќе сите знаат точно и јасно кој ги добил гласовите за движењето Беса во Тетово. Идниот месец ќе се одржи конгрес и се ќе биде во ред, рече Каремани.
Каремани нагласи дека нема скопско и тетовско крило, туку дека движењето Беса е едно.
На седница на Централниот совет, што беше одржана во Скопје, од функцијата беше сменет лидерот Билал Касами и за привремен претседател на партијата до партискиот конгрес закажан за 21 февруари годинава, е назначен најстариот партиски функционер, пратеникот Неџбедин Карамани.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Даштевски, претседател на ДИК
-
БРАКО претстави ново електрично возило за чистење
-
ДИК потврди - Во среда ќе се прегласува на 7 избирачки места
-
ДУИ со предупредувања од Мала Речица
-
Мицотакис со нови закани кон идната Македонска Влада
-
Прва официјална посета на Силјановска Давкова ќе биде во Ватикан и Рим
-
9 месечно бебе донесено во итната помош без знаци на живот
-
Полициска службеничка мамела социјалци за станови