-->
-->
Привремен режим на сообраќајот на булеварот „Партизански одреди“
-->
Поради изведба на градежни работи за реконструкција на коловозот на булеварот „Партизански одреди“, на потегот од булеварот „8.Септември“ до мостот „Обединети нации“, од денес ќе биде воведен привремен режим на сообраќајот.
Привремениот сообраќаен режим ќе се воведува во неколку фази. Во првата фаза ќе биде затворена крајната десна сообраќајна лента на булеварот „Партизански одреди“, на потегот од мостот „Обединети нации“ до крстосницата со улицата „Лондонска“, во насока на движење кон центарот на градот, но нема да има промена на режимот на движење на автобусите на ЈСП.
-Измената во сообраќајниот режим на овој дел од булеварот ќе важи до завршување на градежните активности за реконструкција на коловозот, информираат од Град Скопје.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Двојно убиство во Стајковци - си ги убил братот и снаата
-
Специјализантите и натаму бараат плата
-
Тема на денот со Илина Мангова, ИРИ
-
Двојно убиство во Стајковци
-
ДИК прифати 7 приговори, прегласување на 22 мај
-
Работните групи за владина коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и Вреди стартуваат со работа
-
Нови реакции за говорот на Силјановска од европските земји и Грција
-
Анкета на ИРИ: Македонците сакаат во ЕУ, но не веруваат дека Унијата ќе ги отвори вратите