Привремен пакистански премиер ќе биде Шахид Хакан Абаси, близок соработник на сменетиот Наваз Шариф
По денешното гласање во пакистанскиот Парламент, отстранениот премиер Наваз Шариф веројатно на функцијата ќе биде заменет од својот близок помошник Шахид Хакан Абаси, јави ДПА.
Абаси ќе го добие мандатот за привремен период од 45 дена. Потоа помладиот брат на Шариф, Шахбаз, ќе го преземе управувањето со земјата.
Изборната комисија ги одобри документите за назначување на Абаси, соопшти партијата на Шариф - Пакистанската муслиманска лига. Неговата победа е речиси сигурна, затоа што партијата има мнозинство во Долниот дом на Парламентот, чии членови ќе го направат изборот.
Абаси изјави дека за време на својот краток мандат ќе ја продолжи политиката на Наваз Шариф. Премиерот поднесе оставка во петокот, откако Врховниот суд го прогласи за неспособен да ја зазема оваа функција заради обвинувањата за корупција, во рамки на истрагата поврзана со таканаречените „Панамски документи“.
Номинирањето на неговиот помошник за привремен период од 45 дена и на неговиот брат за премиерската функција до крајот на мандатот, ја покажува контролата на Шариф врз партијата и политиката на земјата, забележа ДПА.
Шахбаз Шариф во моментот е главен министер на големата пакистанска провинција Пенџаб. Тој ќе може да ја заземе функцијата откако ќе поднесе оставка од својата сегашна должност и ќе го добие пратеничкиот мандат во Долниот дом на Парламентот. Овој процес може да му одземе 45 дена.
Ова е трет случај, во кој Наваз Шариф е отстрануван од премиерската функција, пред да му истече петгодишниот мандат - било со воен преврат или од судската власт.
Во 70-годишната историја на Пакистан ниту еден избран лидер не го истуркал целиот свој мандат. Во приближно половината од својата историја Пакистан беше управуван од армиски генерали, потсетува ДПА.
Ново на Сител
-
Почнува кампањата за парламентарните избори - ВМРО-ДПМНЕ традиционално во Охрид
-
Караванот на СДСМ и коалиција почнува од ИЕ4
-
Специјализантите в понеделник во 5 до 12 ќе штрајкуваат пред Министерството за да ги види и слушне Демири
-
Мицкоски во Охрид на увид во градежни активности во 3 клучни проекти
-
СДСМ ја стартуваше кампањата – нема откажување додека Македонија не стане дел од ЕУ
-
ДУИ: По изборите Османи е шеф на државата, Села спикер, а Бугарите дел од Уставот
-
Албанската опозиција во кампања со поддршка од косовскиот премиер
-
Анкета на ИРИ: Србите најголеми пријатели, Бугарија најголема закана за Македонија