Привремен градоначалник на Драч Жиљен Варфај,за опозиција човек на криминални тендери
По оставката на Валбона Сако, за привремен градоначалник на Драч, општинскиот совет го назначи Жиљан Варфај,кој во изминатите 12 години беше заменик градоначалник.
Тој на оваа функција останува до спроведување предвремени избори за градоначалник на Драч.
Сако поднесе оставка,по изјавата за Топ ченел, во која рече дека „ова беше еден катастрофален земјотрес, но сме задоволни и со 50 жртви, затоа што во други случаи бројот на жртви бил поголем и од 1000“.
Поднесувајќи ја оставката таа рече дека е длабоко повредена од негативните реакции на објавата што ја дала. Им се заблагодари на сите за довербата што и ја дале и побара разбирање,поради изјавата која е последица премореност и стрес.
Неколкучаса по Сако оставка с поднесе и актуелната заменк градоначалничка Етлева Конди,која на оваа функција беше назначена пред два месеца.
На назначувањето на Варфај раеагираше опозициската Демократска партија,осудувајќи го изборот на „човек на клорумпирани тендери“ и човек на Ванѓел Дако,поранешен градоначалник за кого демократите обвинуваат дека е вмешан во криминални активности и купување гласови под закана во интерес на социјалистите.
– Со денешната одлука на советот на општината, Жиљан Варфај, човекот на Вангел Дако, човекот на корумпираните тендери,чие досије се уште не е заокружено во обвинителството, го презема раководството на Општината. Последователните оставки на Сако и заменик градоначалничката Конди, всушност, покажуваат распаѓање на Еди Рама, архитектот на уривањето на Драч, се вели во објавата на Фејсбук.
Се додава дека денеска владее целосна анархија во градската администрација која со години „не им служеше на интересите на граѓаните, туку само на криминалните групи“.
Ново на Сител
-
Работничка добила отказ бидејќи планирала да забремени со Ин витро – КСЗД утврди дискриминација
-
СДСМ: Ристовска треба да поднесе оставка, одлуката за Христовски ја поткопува довербата во ДКСК
-
Ако поскапат основните производи по само еден час ќе ги замрзнеме цените, рече Дурмиши
-
5те базени што ги гради државата ќе бидат готови до крајот на летото
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски: Кртови кои ги издаваат полициските акции ќе има уште кратко и сите ќе одговараат
-
Мицкоски очекува Ахмети да биде повикан на распит за да каже каде е Груби
-
Реновиран дел од Клиниката за психијатрија