Свет
8. јуни 2022 - 12:39

Приведено лицето кое со возило прегази група пешаци во Берлин

Германската полиција приведе лице за кое се смета дека денеска со возило извршило напад врз група луѓе во Берлин.

„Се верува дека приведениот маж влетал во група луѓе. Не е познато дали се работи за несреќен случај или осомничениот со намера го извршил тоа дело“, соопшти полицијата додавајќи дека осомничениот е приведен на местото на иницидентот.

Во инцидентот што се случил во западниот дел на Берлин загинало едно, а се повредени триесеттина лица.

Сличен напад беше извршен на 19 декември 2016 година. Тунижанецот Анис Амри, бегалец поврзан со исламистички терористичките групи, прво уби возач на камион за потоа со одземеното товарно возило изврши напад на божиќен саем, удирајќи во насобраните луѓе притоа убивајќи уште 11 лица, ранувајќи десетици други.