Македонија
3. March 2023 - 13:19

Приведено лице од Трубарево, фатено со украдени делови од железничка инфраструктура

Полициски службеници од СВР Скопје на 02.03.2023 на влезот во с.Студеничани, скопско, го лишиле од слобода А.Н. од с.Трубарево, скопско.

Како што информираат од МВР, А.Н. бил сопрен додека со трактор со приколка превезувал поголема количина железо, односно делови од возови и железничка инфраструктура. Во службен разговор во Полициската станица Драчево А.Н. го признал кривичното дело со појаснување дека предметите ги одземал од железничките пруги во с.Трубарево.

По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок