-->
-->
Приведено лице од Прилеп, по претрес пронајдена дрога
-->
Едно лице било приведено по претрес во дом и други простории во Прилеп, во кои е пронајдена дрога, соопштија вечерва од Министерството за внатрешни работи.
- Денеска врз основа на судска наредба од Основен суд - Прилеп, полициски службеници од ОВР - Прилеп извршиле претрес во дом и други простории во градот, што ги користи Р.Р., на возраст од 52 години од овој град. При претресот, пронајдена е кеса со марихуана, како и семки од канабис, се наведува во соопштението на МВР.
По документирање на настанот, ќе следува соодветна кривична пријава.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Седници на седум собраниски комисии
-
Нетанјаху: Израел е блиску до остварување на своите цели во Иран
-
Отчет за сработеното во првата година на Владата
-
Трамп: Доколку режимот не може повторно да го направи Иран голем, зошто да не биде сменет
-
Сончево и топло, следува период на значителен пораст на температурите
-
Најмалку девет лица загинаа во самоубиствен бомбашки напад во црква во Дамаск
-
Рубио: Светот е побезбеден по американските напади врз Иран
-
На Богородица и Табановце од македонска страна се чека околу еден час