Македонија
17. January 2022 - 12:03

Приведено лице од Куманово за издржување на затворска казна

Полициски службеници  од СВР Куманово утрово во 04:45 часот го лишиле од слобода Ј.М. (36), баран за издржување затворска казна.

– За него била издадена судска наредба, а се барал за издржување на казна затвор за сторено кривично дело, информира Министерството за внатрешни работи.

Од МВР додаваат дека Ј.М. е спроведен во Казнено-поправна установа Затвор К’шање за издржување на казната.