-->
-->
Приведено лице од Битолско поради предизвикување пожар
-->
Во битолското село Кременица синоќа во 19.20 часот полициски службеници од Полициското одделение Велушина при СВР Битола го лишиле од слобода И.Т.(27) од село Кременица.
МВР денеска соопшти дека тој бил затекнат како пали оган во близина на фабрика за вода, при што настанал пожар на сува трева.
Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Битола.
- При преглед кај И.Т. била пронајдена запалка со која го предизвикал пожарот. И.Т. е приведен во полициска станица и по целосно документирање на настанот ќе биде поднесена кривична пријава, соопштија од МВР.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Психолошка помош им е потреба на голем број граѓани, особено на семејствата кои ги изгубија најблиските
-
Преглед на вестите од светот
-
Приведени тројца градоначалници на Кочани
-
Зајакнати тимови од психолози и психијатри во Кочани, МОН препорачува да се работи со децата
-
Тема на денот со Сашо Клековски, директор на ФЗОМ
-
Уапсен градоначалникот на Кочани
-
Последен поздрав за жртвите
-
Во стабилна состојба повредените од пожарот во Кочани