Македонија
19. September 2023 - 10:04

Приведено 56-годишно лице по распишана потерница

На 18.09.2023 околу 17.30 часот во тетовско Синичане, полициски службеници на СВР Тетово го привеле 56-годишниот С.Е. од ова село, соопшти МВР.

Тој бил баран по потерница врз основа на судска наредба, за издржување на казна затвор од една година за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.

Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната.