Македонија
5. August 2024 - 18:52

Приведено 20-годишно лице од Скопје, барано со потерница за казна затвор

Приведено е 20-годишно лице, барано со централна потерница по наредба од Основен кривичен суд - Скопје, за казна затвор од три години и шест месеци, соопштија вечерва од Министерството за внатрешни работи.

- Полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР - Скопје, денеска околу 14.40 часот на територија на општина Гази Баба, го лишија од слобода, лицето со иницијали Л.Т. од главниот град на државава. Лицето е барано со централна потерница по наредба од Основен кривичен суд - Скопје за казна затвор од три години и шест месеци, за кривично дело во врска со чл.300 ст.2 в.в. член 297 ст.1 од КЗ, појаснија од МВР.

Како што додадоа оттаму, лицето ќе биде предадено на надлежната казнено - поправна установа.