-->
-->
Приведени три лица во угостителски објект во Кавадарци
-->
Три лица биле приведени синоќа од страна на полицијата, во угостителски објект во Кавадарци, информираа денеска од СВР Велес.
- Синоќа во 20.15 часот во угостителски објект во Кавадарци полициски службеници од ОВР Кавадарци ги привеле 24-годишната С.Ш. од Демир Капија, Р.А.(42) од Кавадарци и А.П.(36) од село Ваташа, кавадаречко. При преглед кај С.Ш. биле пронајдени бела прашкаста материја и зелена растителна материја, а кај Р.А. бил пронајден нож, соопштија од СВР Велес.
Оттаму додадоа дека предметите биле одземени и по целосно документирање на настанот, ќе бидат поднесени соодветни пријави.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Нуркањето привлечно за туристите
-
Екоактивисти во Струмица маршираа против загадувањето од депонијата Шапкар
-
Преглед на вестите од светот
-
Македонија не е мизерна и нема да пропадне ако не влезе во ЕУ, кажа хрватскиот претседател Милановиќ
-
Тема на денот со Татјана Стојаноска Иванова, професорка на Институтот за социологија
-
Милановиќ: Повеќе нема да жалам некого затоа што не може да влезе во ЕУ
-
Пет активни пожари во Македонија
-
Власта и опозицијата со меѓусебни обвинувања за пожарите