Македонија
15. December 2019 - 11:42

Приведени три лица кај кои била пронајдена прашкаста материја

Денеска во 00.45 часот на ул.Тодор Александров, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода З.Е.(24) од с.Љубин,скопско, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена прашкаста материја. Исто така денеска во 01.25 часот во с.Урвич,тетовско, полициски службеници од Полициско одделение Камењане ги лишиле од слобода А.А.(24) од с.Јеловјане,тетовско и Г.Ј.(19) од с.Урвич, затоа што при извршен преглед кај нив била пронајдена прашкаста материја.

По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.