Приведени се пет лица за пукањето на Матка
Пет лица се приведени за пукањето што се случи вчера на Матка. Од полицијата информираа дека се приведени лицата С.М.(46), Е.Б.(32), С.И.(24), И.Р.(24) сите од селото Глумово и К.В.(24) од селото Рашче.
„С.С.(31) од селото Глумово пријавил дека околу 15 додека со неговите браќа С.С. и А.С. биле на работно место во Планинарски дом Матка забележал дека М.С. пука со пиштол кон неговиот брат А.С. до кого биле и М.С. и И.С., кои носеле пиштоли, И.С. кој носел нож, Ќ.С. носел бејзбол палка и Р.Е. Во еден момент Ќ.С. со бејзбол палка физички го нападнал пријавителот. По настанот пријавените го напуштиле местото на настанот“, велат од полицијата.
Вчера од МВР информираа дека расправијата настанала во врска движењето на чамците во правец према Пештерата, а повредени лица нема.
Еден од напаѓачите е внук на реисот на ИВЗ, Сулејман Реџепи.
Ново на Сител
-
Се уште активен пожарот во „Јасен“, изгаснати 12, еден под контрола
-
Турција ги затвори пристаништата за израелските бродови
-
Кривична против двајца поранешни раководители на АД Пошта за „несовесно работење во службата
-
Службеник од општина Шуто Оризари присвоил од општинскиот буџет 3.600.000 денари
-
Запленета поголема количина цигари без бандероли и дробен тутун во Тетовo, приведени две лица
-
Ѓорѓиевски: За 20 дена ќе биде готова новата градинка во населеното место Потстаница во Драчево со капацитет за 75 деца
-
Ангелов: Се става под контрола пожарот кај бараките „лепенки“ во Карпош, нема информации за повредени
-
Гори поранешен објект на Макотекст фирмата | ВИДЕО