-->
-->
Приведени се извршителите на синоќешниот напад во близина на Москва, изјави Путин
-->
Рускиот претседател Владимир Путин синоќешниот напад во концертна сала во близина на Москва го нарече „крвав и варварски чин“ во кој загинаа 143 луѓе.
Во телевизиско обраќање тој рече дека сите напаѓачи се приведени и додаде дека се обиделе да побегнат во Украина. Путин истакна дека терористите ќе се соочат со одмазда.
Тој им изрази сочувство на блиските на жртвите и го прогласи утрешниот ден, 24 март, за ден на национална жалост.
Терористичката група Исламска држава (ИСИС) во кратка изјава објавена на Телеграм од новинската агенција Амак (поврзана со ИСИС), ја презеде одговорноста за нападот во Moсква.
Извор од американското разузнавање подоцна потврди дека исламистичката група е одговорна за нападот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Агелер: Немате поголем поддржувач и партнер во остварување на вашите цели од САД
-
Еминем преку видеоспот објави дека ќе стане дедо
-
Подарок од срце за Светскиот ден на животните: dm донираше 678 килограми храна на три скопски прифатилишта за кучиња
-
Таравари вети вработување на половина од средно медицинскиот персонал што работи со договор на дело
-
Коцевска: Нема потреба од носење на Закон за амнестија, треба поголема примена на условниот отпуст со заштитен надзор
-
Расчистени повеќе диви депонии во општините Сарај, Карпош, Центар, Бутел и Чаир
-
Кликс: Најмалку 10 лица загинаа во поплавите во БиХ, побарана помош од Оружените сили
-
Македонски државјанин уапсен во Косово при обид заедно со други две лица со трактор нелегално да ја премине границата