Македонија
3. February 2019 - 12:34

Приведени Македонки, Албанки и Косоварки – фатени во локал во Седларце

Полицијата ноќеска пpиведе странски државјанки кои во текот на ноќта биле затекнати во угостителски објект во село Горно Седларце, покрај автопатот Тетово-Гостивар.
 
Министерството за внатрешни работи информира дека ноќеска во периодот од 00.00 до 03.00 часот полициски службеници извршиле акциска контрола во угостителски објект во село Горно Седларце покрај автопатот Тетово-Гостивар.
 
При контролата во објектот биле затекнати 10 женски лица, од кои три од Република Македонија, шест од Република Албанија и едно од Косово. Странските државјанки биле пpиведени во Полициската станица Тетово за понатамошна постапка. За настанот бил запознаен јавен обвинител.