Приведени две лица во Тетовско за изнудување пари
Полициски службеници синоќа во тетовска Мала Речица ги лишиле од слобода З.Д.(33) од село Голема Речица и Ј.А.(60) од село Пирок, Тетовско.
Како што соопшти МВР, по преземени мерки било утврдено дека од средината на јануари 2023 година, З.Д. во неколку наврати изнудил вкупно 18.630 евра од лице од Тетово, уценувајќи го дека ќе објави фотографии со компромитирачка содржина.
Според пријавеното, З.Д. во неколку наврати го организирал примопредавањето на парите преку Ј.А., кој таботел како такси возач. Тој му се јавувал на оштетениот и му кажувал да ги предаде парите на Ј.А., кој подоцна му ги доставувал нему. Истото било направено и во текот на вчерашниот ден, при што биле затекнати од полициски службеници при примопредавање на парите.
- З.Д. бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, најави МВР.
Ново на Сител
-
Протестите со поддршка и од премиерот
-
Протест за смртта на Фросина и во Неготино
-
Тема на денот со Бојан Стојановски, пратеник од ВМРО - ДПМНЕ
-
Нови несогласувања помеѓу лекари и директорката на клиниката за деца „Козле“
-
Протест за смртта на Фросина
-
Има ли одговорност кај обвинителството и судството?
-
Бојкот на маркетите поради високите цени
-
Македонија платила над 7 милијарди евра за увозна храна за 10 години, додека младите „бегаат“ од земјоделие